1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Бенедикт 16-ти во Австрија

8 септември 2007

Од вчера во тридневна посета на Австрија престојува Папата Бенедикт 16-ти. Повод за посетата е прославата на 850-годишниот јубилеј на Мариацел, место за аџилак на католичките верници

https://p.dw.com/p/BdtX
Бенедикт 16-ти во МариацелФотографија: AP

Папата ја посетува Австрија во период во кој Католичката црква таму е соочена со многу проблеми: скандали на црковни високодостојници, драматичен недостиг од свештеници - поради што на многу места замре работата на црковните општини, а во меѓувреме католичките верници станаа малцинство во Австрија. Уште за време на летот од Рим кон Виена Бенедикт 16-ти зборуваше за кризата на верата во пракатоличка Австрија: тој не мисли дека сите проблеми се надминати, но искажа уверување дека ќе биде така.

Во поздравниот говор при пречекот Папата истакна: „Овој културен простор во центарот на Европа надвладува и некои граници и поврзува идеи и сили од различни делови на континентот. А културата на оваа земја е суштински бележана од пораката на Исус Христос и дејствувањето на црквата во негово име“.

Папата во меѓувреме се состана со највисоки претставници на Еврејската општина во Виена, со кои заедники им оддаде почит на австриските жртви на нациастичкиот геноцид врз Евреите. Со претставници на јавниот живот Папата разговараше на европолитички теми. Претпладнето Папата допатува во Мариацел на прославата на на 850-годишниот јубилеј на тоа место за аџилак на католиците.

Грегор Хопе