Пандев пред јубилеј, 300 натпревари во Серија А
2 декември 2013Дерби натпреварот помеѓу Лацио и Наполи ќе го затвори 14.коло во италијанската Серија А. Горан Пандев, доколку ја добие добербата на тренерот Рафаел Бенитез, ќе го запише својот 300-ти настап во калчо лигата. Струмичанецот, фудбалската слава во Италија ја стекна во дресот на екипата против која Наполи ќе игра во понеделник. Пандев, во периодот 2004-2009 година, за Лацио одиграл 159 натпревари на кои постигнал 48 голови. Вкупно за Лацио, во сите натпреварувања, Пандев, постигнал 64 погодоци.
Инаку, Пандев на 18-годишна возраст од Беласица се пресели во Интер, од каде заминува на позајмица во Специја, а потоа и во Анкона каде во ноември 2003 дебитира во Серија А.
Пандев, по заминувањето од Лацио, се сели во Интер, каде во три сезони (2009-2012) постигнал пет голови на 46 натпревари. Играч на Наполи е од 2012 година, настапил на 74 натпревари и постигнал 15 голови.