1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан бомбардира цели во Северен Вазиристан

АТ/ апе/афпе/дпа15 јуни 2014

По крвавиот напад врз аеродромот во Карачи пакистанската влада е под приситок. Сега борбени авиони нападнаа позиции на наводните бунтовници. Убиени биле најмалку 100 лица.

https://p.dw.com/p/1CIhE
Фотографија: picture-alliance/dpa

Нападот се случи на околу 25 километри западно од Мираншах главниот град во немирниот регион Северен Вазиристан. Полуавтономните племенски области на границата со Авганистан се сметаат за седиште на терористичката мрежа на Ал Каеда и со неа поврзаните исламистички групи на талибанците. Пакистанските борбени авиони, според наводи на двјаца службеници на тајните служби, бомбардирале осум скривалишта на најверојатни узбекистански екстремисти.

За точниот број на жртви нема сигурни информации. Од страна на армијата се објавува дека имало најмалку 100 убиени борци на милитантните бунтовници. Додека телевизијата Гео објави дека биле убини 150 странски екстремисти.

Радикалните Узбекистнаци, кои се блиски до Ал Каеда се претпоставува дека учествувале во нападот врз аеродромот во економската метропола Карачи. Тие, исто како и групата Терек-е-Талибан Пакистан ја преземале одговорноста за нападот.

Меѓу убиените екстремисти во нападот на пакистанските сили, според тајните служби, бил и Абу Абдул Реман ал Маани, кој бил еден од планерите на нападот во Карачи.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф пред една година ја презема функцијата со ветување дека со преговори ќе го стопира насилството на талибанците и сојузничките милитантни групи. Но оттогаш двете страни се сретнаа само еднаш на директни преговори. На почетокот на март пакистанските талибанци прогласија примирје за да ги олеснат мировните преговори со владата во Исламабад. Кратко потоа меѓутоа го повлекоа примирјето. Со последниот напад на бунтовниците се намалуваат шансите за скоро реализирање на напорите за воспоставување на мир.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема