1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакет-бомба до Ангела Меркел од Атина

3 ноември 2010

Во серијата пакет-бомби што пристигнаа во дипломатските претставништва во Атина и на адреса на повеќе европски политичари, експлозивна направа вчера беше откриена и во седиштето на германската канцеларка Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/PwuJ
Фотографија: AP

Министерот за внатрешни работи Томас де Mезие порача дека пакет бомбата била во состојба да предизвика сериозни повреди. Таа била спакувана во издлабена книга и имала соодветен механизам за активирање кога ќе се отвори. Пакетот била адресиран на канцеларката лично, која вчера се наоѓаше во Брисел.

NO FLASH Innenminister de Maiziere gibt Pk zu Bombenfund
Министерот за внатрешни работи на ГерманијаФотографија: picture alliance/dpa

Владиниот портпарол Штефен Зајберт ја пренесе јавната благодарност на канцеларката за будноста на надлежните служби: „Пред се’ сме среќни што никој не беше повреден, ни полицаец, ни соработник на кабинетот на канцеларката. Благодарноста на канцеларката е насочена пред се’ на безбедносните сили кои работеа многу внимателно...“

Атентаторите се обиделе да се камуфлираат ставајќи го како испраќач грчкото министерство за економија.

Во меѓувреме мерките за безбедност во цела Германија се заострени: „Денеска наредив сите владини служби да ги проверат мерките за безбедност и да ги заострат, а ги информирав и германските фирми“, порача вчера министерот за внатрешни работи Томас де Мезие.

Автор: Бетина Маркс/ Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска