Охрабрувачка вест од Швајцарија
29 февруари 2016Швајцарците на референдумот го одбија законот за заострување на протерувањето, „Меркише Алгемајне“ за тоа пишува: „Тоа дека Швајцарците со јасно мнозинство рекоа „Не“ изненадува. „Културата на добредојде“ не важи во Швајцарија за посебно изразена. По правило одлуките на референдумите доведуваа до дополнително заострување на ионака ригидното право на азил. Тоа што сега победи разумот не е дури ни заслуга на фирмите во Швајцарија. Економијата е посебно предупредена пред оваа иницијатива: Без населувања бројни претпријатија немаат иднина. На крајот значи не станува збор за неизбежен сигнал на хуманост, туку многу повеќе на трезвено расудување. Сепак, тоа не е најлошот одговор на барањето на популистите“, смета „Меркише Алгемајне“.
„Успехот на противниците на оваа иницијатива е зрак на надеж и за другите држави во Европа на кои за миграциите од Блискиот исток, кој се распаѓа, одговор не им паѓа на ум. Дури и во кризни ситуации, во кои голем број луѓе се заробени од страна на сопствениот страв, не победуваат секогаш аргументите, кои се базирани на едноставно нерасположение (кон странците).“
„Швајцарците со својот резултат од гласањето покажуваат дека и во кризни времиња- бегалскиот бран се однесува и на Швајцарија, како членка на Шенген зоната- се способни за рефлексија и хармонија. Дали и Германците се такви во еднаква мерка? Германија по повторното обединување е помалку граѓанска отколку Швајцарија- граѓанска во Аристотелов смисол. Тој граѓанинот го опишува како политички ентитет кој придонесува за општеството без да ги воопштува другите? Швајцарците го живеат овој принцип. Мнозинството Германци истотака го живеат овој принцип. Меѓутоа во меѓувреме кај мал број луѓе може да се почувствува презир кон демократијата. Тоа ги труе масите и го зголемува бројот на оние кои не излегуваат на избори“, пишува „Ди велт“.
Габриел има право?
Претседателот на СДП и заменик на канцеларката, Зигмар Габриел, предложи формирање пакет на солидарност за германските граѓани со цел да да се пружи помош во надминување на кризата со бегалците.
„Зигмар Габриел има право“, нагласува „Ное вестфалише“. „Германија мора да издвои повеќе пари за училишта, курсеви за јазик во градинките, за повеќе учители и пред сѐ добро образовани учители за да можат да ги насочат училиштата на прав пат во дигиталната иднина. И Германија мора да ја спречи сиромаштијата во староста која е веројатна во иднината и да се намали постоечката сиромаштија на деца. Се’ е правилно. Но Зигмар Габриел се лаже во целост кога ја поврзува темата бегалци и нивната интеграција“, критикува „Ное вестфалише“.
„Генералнп на претседателот на СПД може да му се заблагодариме бидејќи трошоците за интеграција ги стави на дневен ред“, смета „Тагесшпигел“.
„Во основа Габриел има право кога станува збор за повикот на поголема социјална сигурност за сите нас и кога станува збор за барањата за одлучување на политиката на интеграција. Време е една од најголемите партии во Германија во центарот на своите активности да ја стави поврзаноста меѓу успешната интеграција и социјалната политика која подредена на страв и на завист“, пишува „Франкфуртер рундшау“.
„Големата коалиција и самата се наоѓа во бедна положба. Вестите од последните денови во секој случај даваат причина за сомнеж за тоа дали партиите на Унијата и СПД сѐ уште сериозно мислат кога станува збор за заедничкото владеење“, пишува „Сарбрукер цајтунг“.