1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турски тенкови на сириска територија

ЕМФ/дпа/афп/ард24 август 2016

Артилериски оган, експлозии, тенковски пробив: Турција заедно со меѓународната Анти-ИД алијанса почна офанзива на границата со Сирија. Целта е ИД да се истера од градот Џараблус.

https://p.dw.com/p/1JoFt
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Kilic

Турција почна досега најголема офанзива против џихадистичката милиција Исламска држава (ИД) во Сирија. Со поддршка од борбените авиони на Анти-ИД алијансата, турската армија денеска го гаѓа пограничното место Џараблус, во северна Сирија. Повеќе турски тенкови се пробија на сириска територија, а во Сирија влегоа и припадници на специјалните единици, како и сириски бунтовници, јавуваат агенциите. Според Анкара, акциите се насочени и против курдските милиции.

Целта на офназивата е „да се ослободи општината Џараблус од терористичката организација ИД“, соопшти турската влада. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара сака да им стави крај на проблемите на сириско-турската граница. Офанзивата која почна во раните утрински часови е насочена како против ИД, така и против сирско-курдската Партија на демократска унија (ПИД), рече Ердоган, додавајќи дека од двете „терористички групи“ произлегува опасност за Турција.

Türkei Offensive gegen IS in Syrien
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Kilic

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ја обвини ПИД и нејзините милиции дека сакаат да ја искористат борбата против ИД како изговор за да изградат сопствена власт во Сирија. „Ние ќе ѝ застанеме на пат на оваа тајна агенда“, потенцираше Чавушоглу денеска пред новинарите во Анкара. Тој го повтори турското барање сириските курдски милиции да се вратат на позициите источно од Еуфрат. Курдите досега на северот на Сирија контролираат подрачје од околу 400 километри - од ирачката граница до Еуфрат. Освен тоа, тие во свои раце имаат и мал регион во северозападниот дел од Сирија.

Турција, која не прави разлика меѓу забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и курдската партија ПИД и нејзиното вооружено крило и курдските единици за народна заштита ИПГ во Сирија, сака да спречи по секоја цена северот на Сирија целосно да се најде под курдска контрола.

Türkei Offensive gegen IS in Syrien
Фотографија: picture-alliance/AA/E. Ozdemir

Сојузниците на Турција во минатото ја обвинуваа Анкара дека ги толерира џихадистите во Сирија, или дури и дека им дава поддршка, а наместо тоа се концентрира на борба против курдските милиции, кои се важни сојузници на САД во борбата против ИД. Исламска држава во текот на изминатите месеци изврши низа напади во Турција. Таа е обвинета и за атентатот на свадбата во Газиантеп, во кој имаше 54 азагинати.