1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отпорот на егоистичните Европејци

Кристоф Хаселбах Превод:С.Недевски14 мај 2015

Европската комисија предлага воведување квоти за распределба на бегалците во земјите од ЕУ за товарот рамномерно да се распореди на сите членки. Отпорот е жесток, но таков систем мора да се усвои, смета Кристоф Хаселбах

https://p.dw.com/p/1FPcL
Фотографија: OOC Opielok Offshore Carriers

Предлогот беше одбиен уште пред Европската комисија официјално да го достави. Цела низа земји-членки на ЕУ ги фати паника кога слушнаа дека мора да прифатат повеќе бегалци. Притоа досегашниот т.н. „Даблински систем“- пропадна. Тоа значи дека бегалците поднесуваат барање за азил во онаа земја од ЕУ на чие тло најпрво стапнале. Поради својата географска положба во регионот на Средоземното Море, преку кое доаѓа најголем дел од бегалците,најизложени се во прв ред Италија, Грција и Малта. Теоретски тоа значи дека речиси за сите барања за азил се грижи само мал број од јужните земји-членки на Унијата, Тие со право се спротиставуваа на „Даблинскиот систем“, додека истовремено многу земји на северот на ЕУ не гледаат причина што било да се менува во постоечките правила.

Заплашување со лош третман

Поради сѐ поголемиот бран бегалци, одредени погодени земји преминаа на сосема поинаков систем. Италија бегалците свесно ги испраќаше на северот на Европската унија, онаму каде што повеќето од нив всушност и сакаа да одат. Грција и Бугарија свесно се потрудија барателите на азил во прифатните центри да имаат лош третман така што хуманитарните организации советуваа нивно заминување на север. Така овие земји за нивното срамно однесување се практично „наградени“. Еврокомисијата имаше задача да се погрижи за почитување на заедничките стандарди кои ги договорија сите. Велика Британија и Ирска повторно се држат настрана од Шенгенскиот договор а каналот Ламанш им пружа дополнителна бариера за заштита од бегалците.

Чешка прифатила 70 Сиријци

Така се случи само девет земји-членки на ЕУ да прифатат три четвртини од вкупниот број бегалци. Според апсолутни бројки, Германија прифати најголем број бегалци, а споредено со бројот на жители- Шведска. Поради тоа и расте притисокот бегалците рамномерно да се распоредат во сите земји-членки на Унијата. Идејата на Европската комисија бегалците да бидат распоредувани според бројот на жители во членките на ЕУ, економскиот развој и бројот на невработени е разумна.

Christoph Hasselbach
Фотографија: DW/M.Müller

Меѓутоа од тоа барем засега веројатно нема ништо. Велика Британија, Ирска и Данска , но и Полска, балтичките земји, Унгарија, Чешка и Словачка изразија загриженост. Чешкиот премиер Бохуслав Соботка вели: „Секоја влада најдобро знае што може да пружи во рамките на програмите на заедничка солидарност.“ Тој истотака истакна дека негоата земја прифатила седумдесет бегалци од Сирија. Седумдесет! Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавува дека целиот тој план е „ лудорија“ и лаконски додава дека неговата земја не сака мултикултурно општество. Точка. За него тоа е толку едноставно.

Сите сакаат да се оградат

Интересно е дека сите влади се единствени во ставот дека ЕУ треба да стори повеќе против криумчарите на луѓе и оти бегалците мора да бидат спасени од давење во Средоземното Море. Во реалноста, повеќе станува збор за оградување од бегалците, отколку за животите на луѓето. Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј барем искрено рече дека ЕУ мора бродовите кои доаѓаат преку Средоземното Море да ги врати во северна Африка- тоа е австралиско решение кое според сфаќањето на тамошниот премиер Тони Ебот „спасило“ многу животи, пред сѐ на оние кои имале намера да побараат азил во Австралија. Европската унија не може толку лесно да се огради како Австралија и таквата идеја политички не е спроведлива.

Бројот на бегалци ќе се зголеми. Се разбира дека ЕУ не може сите да ги прифати. Таа мора да реагира со мешавина од репресивни, развојно-политички и хуманитарни мерки. Без оглед на сѐ, проблемот на распределба на бегалците останува. Токму како што не смее да се случи географската положба на некоја земја да одлучува за тоа колку бегалции таа треба да прими, истотака не треба ни европската политика за бегалците да зависи од великодушноста на поединечни земји.