1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отпадот - најскап проблем на Србија

15 септември 2018

Ѓубре во реките, електрани - најголеми загадувачи на Балканот. Третина од прописите кои Србија мора да ги донесе во процесот на пристапување кон ЕУ, се поврзани со екологија. Реформите ќе чинат десетина милијарди евра.

https://p.dw.com/p/2x6qU
Serbien - Umweltzerstörung
Фотографија: DW/J. Đukić-Pejić

Диви депонии покрај реките, корита полни со различен отпад, гранки, недвоење на сметот и разни други проблеми предизвикани од човечка рака. Сето тоа е голем залак за Србија во процесот на пристапување кон ЕУ. Поглавјето 27, посветено на екологијата, ќе биде најтешко, не само поради потребните пари, туку и поради потребата од промена на свеста во односот кон природата.

„Поглавјето 27 има 10 подобласти и на секоја треба да ѝ се посвети внимание“, вели за ДВ екологистката Драгана Вукадиновиќ. Според неа, отпадните води се најголем проблем, додека во ЕУ тие се пречистуваат во 90 % пред да се испуштат во природа, во Србија се прочистуваат само 10 %. Тие води, некогаш хемиски неисправни, често се и топли, па страда цел растителен и животински свет во водите.

Нова дива депонија

Решението е употреба на скапи филтри, посебно од страна на фабриките, што проблемот го прави моментно нерешлив, зашто законите за тоа не се ни донесени. А освен фабриките, големи штети на реките и езерата им предизвикуваат и поединци. Еден литар моторно масло или масло за јадење уништува 10.000 литри чиста вода.

#DE_facto: Парите се во ѓубрето

Еден од поголемите еколошки проблеми на Србија е и сечењето на шумите за огрев. Многу домаќинства се греат токму на овој начин, зашто е поевтино, а тоа дополнително ја уништува животната средина.

Повеќе: Каде со целиот отпад?

Сепак, смета екологистката, „нема да има полесни и потешки работи во имплементацијата на поглавјето 27 - сѐ ќе биде тешко.“ Унапредувањето на јавното здравје е една од областите на поглавјето, а Србија тешко ќе го направи овој чекор ако и натаму дозволи создавање диви депонии, кои ги има и во урбаните средини и во природата.

Вукадиновиќ истакнува: термоелектраните „Костолац“ и „Никола Тесла“ во Обреновац официјално се најголеми загадувачи на Балканот, користат лигнит од трет степен на квалитет со катастрофални последици по климатските промени и појава на „кисели дождови“.