1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Островот на стогодишниците

СН/дв
27 август 2020

Грчкиот остров Икарија е дом на повеќе стогодишници отколку на кое било друго место во светот. Која е нивната тајна за долг живот?

https://p.dw.com/p/3ha7J

Овој грчки остров ја крие тајната на долгиот живот. Еден од тројца жители на Икарија е во своите 90-ти години. 
„Овде имаме чист воздух и чиста вода. Тоа е она што е важно, знаете “, вели 90-годишниот Вангелис Каруцос.

Тој и во деветата деценија од животот е исполнет со енергија. Познат е како Џејмс Дин од Икарија.  Страста е неговата тајна за долговечност, вели локалниот лекар Илијас Леријадис.

„Тука ги имате сите предуслови за добар сексуален живот: позитивен став, здраво тело и душа, многу социјални собири, многу слави. Неодамна, 92-годишник ми дојде на пракса и ми рече: Докторе, и покрај мојата возраст, сè уште можам сѐ да правам добро. Прашав: Што мислиш со сè? И тој одговори: Кога ќе кажам сè, мислам сè! “

Fokus Europa Griechenland Ikaria
101-годишниот Димитриос ХрусиФотографија: DW

101-годишниот Димитриос Хруси го споделува својот рецепт за долг живот. Малку стрес и здрава исхрана: „Јадам риба многу. Има и месо, но не повеќе од двапати неделно. И само сакам леќа, грашок и грав “. Неговата сопруга Тула наполни „само“ 93 години:  „За разлика од него, јас не можам да пијам вино, тоа ми создава осип. Затоа пијам само пиво!“

Луѓето овде во просек живеат 10 години подолго од оние во остатокот на Европа.  Икарија е наречена „Остров на стогодишниците“. Можеби тајната навистина е во живот полн страст и без стрес.