1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Оставка на шефот на грчката служба за цивилна заштита

ЖА / агенции
6 август 2018

Повеќе функционери во Грција мора да се простат од фотелјите по катастрофалните пожари со преку 90 мртви. Шефот на Службата за цивилна заштита поднесол оставка, разрешени се првите луѓе на полицијата и пожарникарите.

https://p.dw.com/p/32g6o
Griechenland trauert um die Brandopfer
Фотографија: DW/I. Anastassopoulou

Две недели по катастрофалните пожари во Грција, во кои смртно настрадаа преку 90 луѓе, се зголемува бројот на функционери кои мора да понесат одговорност. Денеска оставка поднел раководителот на Службата за цивилна заштита, Јанис Капакис, јави грчката телевизија ЕРТ, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи. Вчера пак беа разрешени шефовите на грчката полиција и на противпожарната бригада. Во петокот оставка даде и заменикот-министер за внатрешни работи, Никос Тоскас.

Повеќе: Бројот на загинати во пожарите во Грција и натаму расте

По грчката трагедија - чија е одговорноста за пожарите?

Пепелта на Мати: Огнената стихија ja опустоши грчката населба

Опозицијата и бројни медиуми сметаат дека владата, предводена од премиерот Алексис Ципрас, сноси одговорност за размерите на несреќата. Шефовите на полицијата, противпожарникарската служба и цивилната заштита целосно потфрлија во својата обврска со итни случаи да им помогнат на луѓето и правовремено да ги евакуираат погодените региони, гласат критиките. Во пожарите целосно се уништени големи делови на туристичките места Мати и Неос Вуцас, источно од Атина. Илјадници луѓе ги загубија своите домови во огнената стихија, а се води истрага дали дел од пожарите биле подметнати.