1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ослободени воените набљудувачи на ОБСЕ

СН/жа/дпа/афп/ртр3 мај 2014

Воените набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа кои беа држани како заложници од страна на проруските активисти во источно-украинскиот град Славјанск се пуштени на слобода

https://p.dw.com/p/1BtBt
Фотографија: Kirill Kudryavtsev/AFP/Getty Images

Специјалниот руски пратеник Владимир Лукин денеска пред новинарите во Славјанск соопшти дека набљудувачите на ОБСЕ кои пред осум дена беа заробени од страна на проруските активисти во Славјанск се ослободени. „Сите 12 набљудувачи кои стојат на мојат листа се ослободени“, изјави Лукин. Покрај осумте европски воени набљудувачи , меѓу нив и четири Германци, милициите во Славјанск имаа заробено и четворица украински офицери. Лидерот на проруските милиции во Славјанск Вјачеслав Пономарјов потврди дека набљудувачите се ослободени и истакна дека не биле поставени никакви услови за нивно ослободување. „Како што им ветив на набљудувачите, вчера го прославивме мојот роденден и тие заминаа. Како што реков, тие беа мои гости“, изјави самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Пономарјов. Тој претходно набљудувачите на ОБСЕ ги означуваше како „НАТО шпиони“ и „воени заробеници“. Проруските активисти првобитно планираа во замена за ослободување на заложниците да издејствуваат пуштање на слобода на заробени проруски борци.

Германската влада и Европската унија во изминатите денови постојано апелираа до рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз проруските сепаратисти во Славјанск да ги ослободат заложниците.

.