Опозицијата во Пакистан бара Мушараф да се откаже од функцијата шеф на армијата
7 ноември 2007Реклама
Пакистанскиот водач на опозицијата Беназир Буто побара од претседателот Первез Мушараф да ја прекине вонредната состојба и да поднесе оставка на неговата функција шеф на армијата. Заедно со другите опозициони политичари Буто денеска ќе ги разгледува можностите за тоа како да се надмине ситуацијата во Пакистан.