Опеани и препеани: за кои градови се напишани најмногу песни?
Градовите инспирираат легенди- но и поети. Илјадници песни се напишани за градови ширум светот. Ова е листата на европските градови кои се најмногу опеани во песни
Милано
Со својата елегантна архитектура, креативноста на модната метропола и два водечки фудбалски тимови, има многу причини за серенада во овој италијански град. Тој е петто место на градови во Европа кои биле тема на една песна- или поточно 3.854 песни напишани за Милано, повеќето на италијански јазик.
Берлин
Со 6.267 песни, Берлин е на четврто место. Дел од стиховите сведочат за променливиот однос кој Германците го имаат кон својот главен град. Бендот Сееед пее за здодевните и сиви зими во градот, додека Крафтклуб пејат за возбудата за градот во песната „Не сакам да одам во Берлин“. Ни едните ни другите не ја намалуваат популарноста на градот.
Рим
Многу ѕвезди му посветиле стихови на вечниот град. Елвис Присли фантазира за љубовна случка во него во „Срцето на Рим“, додека Френк Синатра ја опева Фонтана ди Треви во „Три парички во фонтаната“. Но има уште илјадници- поточно 11.859 песни за Рим, и со тоа градот е на трето место на листата.
Лондон
Потенцијалната листа на песни за британскиот главен град е уште подолга: 14.085 песни се напишани за Лондон. Меѓу нив и легендарната „Лондон колинг“ на Д Клеш од 1979 година. Во последно време, Адел му оддаде почит на својот роден град во песната „Hometown Glory", додека Ед Ширан пее за предизвиците да се биде странец во Лондон во "The City".
Париз
Париз инспирира уште повеќе музичари. Родната парижанка Едит Пјаф испеа бројни песни за својот град. Ела Фицџералд, Миреј Матјо и Заз се исто така на листата на музичари кои му посветиле песна на градот на љубовта и романсата. Со точно 20.007 песни, Париз е врвот на листата на европски градови кои се најопеани.