ОН-Авганистан
24 септември 2007Реклама
Меѓународната заедница и натаму ќе ја поддржува и помага обновата на Авганистан, се согласија претставниците на 18 земји на состанокот во Њујорк. Средбата се одржа по иницијатива на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и од нејзе не произлегоа конкретни ветувања. Учесниците ги повикаа ОН на преземање поголема улога во процесот на стабилизрање на земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги увери присутните дека и натаму енергично ќе се бори против корупцијата и производството на дрога во земјата.