Олимпијада шести ден
20 август 2004Манфред Курцер го освои првиот златен медал во стрелање по осум години во конкуренција на подвижни мети. Првиот поединечен медал во пливање успеа да го освои Ане Полеска на трката 200 метри градно, додека бронзен медал освои и џудистот Михаел Јурак:
“Разочаран? Секако, кога ќе си помислам дека само уште една борба и ќе бев во финалето. Сепак, многу сум задоволен од третото место“.
Непоразен останува германскиот тим во хокеј по победата над Египет од 6 спрема 1. Тенисерите Николас Кифер и Рајнер Шутлер се пласираа во финалето на двојки и ќе играат за златото:
“Прекрасно е чувството да се има медал околу вратот. Засега е сребрен, но сигурно се надевам на злато“, изјави Кифер, додека неговиот партнер Шутлер вели:
“Првпат, верувам кај обајцата, се остварува сон од детството
да се добие медал на Олимпијада. Засега е сребрен, но во финалето ќе направиме се да биде златен“.
Во натпреварите во одбојка на плажа сите германски двојки стигнаа до следната рунда, додека во ватерполо Германија загуби од Италија со 10 спрема 5. Во вкупниот број освоени медали сега водат
САД со 14 злата, пред Кина и Јапонија.
Иако голем број места за публиката остануваат празни, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог е задоволен од досегашниот тек на игрите:
“Јас сум сосема задоволен. Се се одвива многу добро. Трибините се минато, Грците доаѓаат на стадионите, а и допинг случаите се минато. Игрите се многу силни“.