Олимпијадата ја сакаат и Хамбург и Берлин
11 март 2015Тестот на расположението е со позитивен резултат: „да“ за Олимписките игри велат и жителите на Хамбург и на Берлин. Хамбург притоа води со 64%. Резултатот меѓутоа не е и одлука. Претседателот на Германскиот олимписки спортски сојуз, Алфонс Херман, изјави:
„На тоа гледаме како на резултат на интензивниот дијалог во двата града и на безбројните разговори околу проектот Олимпија.“
И Берлин направи обид со кампања да ги убеди граѓаните. Добиена е довербата на 55% од жителите, 9% помалку од Хамбург, но сепак - јасно мнозинство. Со тоа и Берлин останува во трка. На крајот одлучува вкупниот концепт.
„На град како Берлин вакво нешто му е потребно, како нанадвор, така и за самоопределбата на градот“, вели еден жител на Берлин, а негова сограѓанка оценува: „Мислам дека на на Берлин му е потребен ваков ’хајлајт’. Ние сме главен град и такво нешто е многу пријатно.“
Берлин веќе има Олимписки стадион - Игрите во 1936 година беа пропагандна манифестација на националсоцијалистите.
Иако расположението за Олимпијада во Хамбург е поголемо, Берлин важи за мал фаворит. Главниот град е интернационална марка. Во него се одржуваат редовно големи спортски настани. Тоа би можело да биде пресудно за препораката што во понеделник ќе ја даде Германскиот олимписки спортски сојуз.