Опомена за учесниците на Олимписките игри
26 јули 2021„Го молиме и опоменуваме секого да ги почитува правилата, кој и да е тоа“, изјави Марк Адамс, портпарол на Меѓународниот олимписки комитет.
По штафетната трка во пливање слободен стил 4x100 метри, членките на австралискиот тим, како и на тимот од Канада и од САД не носеа маски на подиумот и се прегрнуваа. Слични сцени имаше и на доделувањето медали по трката на 400 метри кај мажите. „Ова не е пријателска молба, туку е обврска, како за спортот, така и за сите учесници“, изјави Адамс, додавајќи: „Ја разбираме радосната возбуда и сочувствуваме со атлетите, но, за жал, мора да ги заостриме правилата.“
Поради пандемијата на коронавирусот во Токио по четврти пат е прогласена ургентна состојба, па на Олимпијадата нема гледачи. Организаторите вчера објавија дека од први јули досега, поврзано со Олимписките игри, има 132 новоинфицирани лица, од кои 13 спортисти.