1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ: Состојбата во македонските медиуми се’ полоша

12 август 2011

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ повторно реагира на влошената медиумска клима во Македонија и бара од надлежните да ја подобрат состојбата.

https://p.dw.com/p/12FRL
Мијатовиќ упати писмо до министерот за надворешни работиФотографија: OSCE/Susanna Lööf

ОБСЕ изрази загриженост поради нападите врз медиумската слобода во Македонија. Во писмо упатено до македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, оценува дека и покрај бројните апели, состојбата во Македонија е се` полоша. Притоа таа го наведува неодамнешното отпуштање од работа на претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис, како и одземањето на лиценцата на А1 телевизија.

Автор: БГ/ TT/ бета

Редактор: Александра Трајковска