1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ/ОДИХР на терен го склопува мозаикот за конечната оценка

Костадин Делимитов27 април 2014

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР на терен го скенира процесот на гласање. Коментарите и оценките ќе ги соопшти утре на прес конференција во Скопје.

https://p.dw.com/p/1Bp86
Фотографија: MIA

Над двесте набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР на терен го следат вториот круг од претседателските избори и превдремените парламентарни. Странските набљудувачи го монитортираат процесот на гласачките места, но се воздржани околу оценката за тоа како се одвива процесот и како тече изборниот ден:

„Се` уште е рано да зборуваме за детали, бидејќи ние сега собираме податоци. Ова е добар пример, ова гласачко место покажува дека Македонија е држава со многу мозаици. Ние собираме камчиња. Ова беше едно камче во мозаикот и јас не можам да Ви кажам каква ќе биде сликата“, изјави директорот на ОБСЕ/ОДИХИР, Јанез Ленарчиќ пред едно од гласачките места.

Прелиминарната оценка за изборниот процес мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ја соопшти утре попладне на прес конференција во Скопје. Во извештајот ќе бидат внесени сите забелешки што ги нотирале нивните набљудувачи. Во првичната оценка ќе бидат инкорпорирани и извештаите од набљудивачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во оценката за првиот круг гласање за претседателските избори ОБСЕ/ОДИХР даде преодна оценка за гласачкиот процес, но ги критикуваше поголем дел од медиумите за начинот на кој ја покривале кампањата и просторот што го отстапиле за промоција на кандидатите.