1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ: гласањето се одвива без проблеми

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CINO

Гласањето на Косово се одвива без проблеми, изјавија од набљудувачката мисија на ОБСЕ. Потешкотии имало при отворањето на неколку гласачки места во кои не се појавиле изборните комисии кои потоа биле заменети со други лица, јавув аагенцијата БЕТА. Според ОБСЕ, претставниците на српското малцинство за сега ги бојкотираат изборите. Околу 1,5 милиони луѓе со право на глас денеска ги бираат идните парламентарни и локални власти во покраината. Изборите ги набљудуваат 25 000 меѓународни и домашни набљудувачи. Изборните места ќе бидат отворени до 19 часот. Резултатите се очекуваат утре.