ОБСЕ-беззаб тигар?
15 јануари 2004Реклама
На почетокот на годинава Бугарија го презема претседавањето со ОБСЕ,организацијата за безбедност и соработка на Европа.За многу европски новинари оваа вест нема голема вредност,но тоа во никој случај не е поради тоа што се работи за балканска земја.Повеќе,затоа што ОБСЕ минативе години драматично загуби на значењето,коментира Миодраг Сорич.
Вистинољубивоста,куражот и политиката ретко живеат под еден покрив.Тоа особено важи за ОБСЕ.Година за година,таа се повеќе се оддалечува од своите основи,како одбраната на човековите права,барање демократски слободи,заштита на слободата на печатот или разрешување на конфликтите.Примери има еден куп. Набљудувачите од ОБСЕ мораа да ја напуштат Чеченија под притисокот од Кремљ.Нивната задача беше да ги откриваат повредите на човековите права како од страна на чеченските борци така и од руските војници подеднакво.
Москва обвини дека ОБСЕ тенденциозно обвинува за напади на руските војници врз цивилите.Затоа руската влада по брза постапка ја прекина мисијата на ОБСЕ.Наместо да се бори против ова,ОБСЕ ги собра едрата .Таа порадо се прости со своите сопствени основни принципи отколку да влезе во дијалог со источната голема сила.
Дијалогот сам по себе нема вредност ако едната страна не сака да соработува.На Пример Белорусија,која е патем позитивен пример за дејноста на ОБСЕ.Нејзиниот амбасадор во Минск не можеше да постигне сериозен разговор со претседателот Александар Лукашенко,туку сосема недипломатски за еден дипломат зборуваше во јавноста за прекршувањата на човековите права во Белорусија.И тоа со успех.Последниот диктатор во Европа се најде под меѓународен притисок.Опозиционите политичари започнаа да соработуваат меѓусебно наместо да спорат. Меѓутоа ова не ги подобри односите во Белорусија,но Лукашенко има многу помала поддршка кај сопствениот народ.
ОБСЕ посредуваше и во јужниот Кавказ во Ерменија и во Азербејџан.Двете земји се во конфликт поради енклавата Нагорни Карабах.ОБСЕ се обиде да го реши спорот,без успех.Илјадници бегалци не можат да се вратат дома,живеат во Баку во дедни услови.
Слично е и во Косово.И таму ОБСЕ потфрли.Само малку од повеќе од 200 илјади Срби,Роми и Синти можеа да се вратат во јужноспрската покраина.На запад,особено во САД,недостасува и соодветна политичка волја.ОБСЕ ги скрсти рацете.Така некако изгледа и во Молдавија. Поранешниот руски претседател Борис Елцин вети пред години дека ќе ги повлече руските трупи од земјата меѓу Романија и Украина.Неговиот наследник Владимир Путин не се чувствува обврзан со ова ветување.ОБСЕ се повлече и изгледа беспомошно.Во моментов на САД Кремљ им треба во борбата против меѓународниот тероризам.Затоа американскиот претседател на својот руски колега му ги простува"малите гревови" во Молдавија но и во Грузија,каде Москва очигледно бесправно стационира трупи.
Листата на потфрлувања на ОБСЕ не е куса-во централноазиските држави,во Балтикот,во Украина или во Босна.Но постојат и успеси-ОБСЕ ги следеше најновите парламентрани избори во Србија и претседателските во Грузија.Укажува на кршењата на слободата на печатот во државите од ГУс,но дали е тоа доволно за опстојувањето на оваа организација?Членките на ОБСЕ работат по принципот на консензус,Така одделни акции поедини држави ги блокираат.
Дали ОБСЕ стана беззаб тигар?Во моментов за жал да,но така не мора да остане.Тоа што пречи-во ОБСЕ често работат полутичари и дипломати кои го поминале зенитот на својата кариера и стигнале до пензионерска возраст.Иако е тоа така,тие би требало поотворено да ги критикуваат состојбите.ОБСЕ може да добие повторно на тежина само со похрабар и повистинољубив ангажман на нејзините политичари.

Реклама