1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Нокиа“ и „Мајкрософт“ со заеднички сили против „Гугл“

11 февруари 2011

„Нокиа“ и „Мајкрософт“ денеска (11.02.) најавија дека склучуваат стратешко партнерство, што треба да им помогне во битката против „Епл“ и „Гугл“ на полето на модерните смарт-телефони. Дали тоа ќе биде доволно?

https://p.dw.com/p/10FZP
"Виндоус фон 7“ наиде на позитивни критики, но купувачите се` уште не навалилеФотографија: dapd

Како што соопшти новиот извршен директор на компанијата, Стефан Елоп, „Нокиа“ ќе ја користи платформата „Виндоус фон“ како софтверска подлога за идните модели.

Neues Nokia N8 Smartphone
„Нокиа“ се простува од платформата „Симбијан“Фотографија: picture alliance/dpa

Во изминатите неколку години „Нокиа“, се` уште најголемиот произведувач на мобилни телефони во светот, претрпе значителни загуби, откако ривалите „Епл“ и „Гугл“ ги зазедоа првите позиции на пазарот. Во обид да ја надмине кризата, компанијата од Финска минатиот септември го ангажираше Стефан Елоп за нов директор, кој претходно работеше во „Мајкрософт“.

„Соработката е од заеднички интерес“

Платформата „Виндоус фон 7“ наиде на позитивни критики од експертите, меѓутоа приемот од купувачите се` уште не е на задоволително ниво. Познавачите на состојбите сметаат дека потегот на двете компании е од заеднички интерес, бидејќи стравуваат дека во спротивно ќе бидат маргинализирани од „Епл“ и „Гугл“. Меѓутоа проблемот нема да се реши преку ноќ, предупредуваат аналитичарите.

„Тоа е многу искрено признание од страна на ’Нокиа’ дека нивната досегашна платформа ’Симбијан’ едноставно потфрли и уште повеќе ја нагласува сериозноста на компанијата да се врати меѓу првите позиции на пазарот. Пред дванаесет месеци не можеше ниту да се помисли на таков чекор“, вели американскиот експерт Геоф Блејбер.

Компанијата од Финска најави дека оваа и следната година ќе бидат период на транзиција кон партнерството со „Мајкрософт“. Најголемиот дел од менаџерскиот тим на „Нокиа“ ќе остане на своите позиции. Промени се најавени само на врвот.

Автор: ТТ/СН/ројтерс

Редактор: Трајче Тосев