1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова влада во Австрија

9 јануари 2007

Цели три месеци по парламентарните избори во Австрија , Социјалдемократската и Народната партија се договорија за создавање голема владина коалиција по примерот на Германија .

https://p.dw.com/p/Adlo
Алфред Гусенбауер- Нов премир на Австрија
Алфред Гусенбауер- Нов премир на АвстријаФотографија: AP

Нов канцелар ќе биде лидерот на Социјалдемократите Алфред Гусенбауер.

Тој ќе биде прв канцелар на Австрија од редовите на Социјалдемократската партија по цели седум години .

Партијата на Гусенбауер освои најголема од избирачите на изборите што се одржаа на 1 октомври минатата година , меѓутоа не освои доволно места за да може да формира влада самостојно или заедно со некоја од помалите партии во земјата . По тримесечни преговори и натегања вчера Алфред Гусенбауер на заедничката пресконференција со лидерот на Народната парија и актуелен австриски канцелар Волфганг Шисел , го објави формирањето на големата коалиција додавајќи:

„ Се договоривме дека во наредните години , Австрија ќе оди по курс ,кој ќе се се базира на подготвеност за остварување резултати ,и кон социјална солидарност“ – истакна Гусенбауер

Сеуште не е јасно дали сега веќе неговиот претходник од редовите на конзервативците Волфганг Шисел , ќе преземе некоја функција во новата австриска влада . Шисел на синоќешната прес конгеренција истакна:

„Ако така сакате , тоа е влада на новиот центар , за која ние се заложивме . Нешто ново , кое не треба да се поврзува со лошите дела на другите од минатите времиња„