1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата рута на бегалците води преку Хрватска

А. Биндер/бг16 септември 2015

Унгарската ограда ги покажува првите резултати. Бројни бегалци сега одат на српско-хрватската граница. Хрватска е дел од ЕУ и би можела да стане нова влезна порта за бегалците

https://p.dw.com/p/1GXJE
Фотографија: Reuters/A. Bronic

Рано утрото пристигнаа првите бегалци. Српските автобуси во текот на ноќта ги превезоа бегалците директно од македонската до хрватската граница. Унгарија веќе не ги прима бегалците.

На тамошната граница веќе нема минување. Стотици луѓе се заглавени, нивното патешествие завршува пред оградата кај Рошке.

Целото видео погледнете го тука:

#videobig#

Веќе подолго време балканската рута преку Унгарија важи за најбрзиот пат до Западот. Од вторникот, границата е непроодна, а илегалниот премин се казнува. Тие сепак продолжуваат кон Запад, овојпат преку Хрватска.

Многумина пеш го минуваат патот. Последниот дел води преку илегални патишта. Тоа е опасна рута, пред сѐ поради стравувањата од заостанати мини од балканските војни.
Во Хрватска веќе се очекуваат илјадници бегалци. За мнозинството тоа е сепак само меѓустаница. Сепак, барем тука никој не им поставува пречки на патот.