1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелова награда за таткото на „децата од епрувета“

4 октомври 2010

Нобеловата награда за медицина годинава оди во рацете на британскиот физиолог Роберт Едвардс. Тој се смета за татко на вештачкото оплодување - технологија што ја разви заедно со веќе починатиот колега Петрик Стрептоу.

https://p.dw.com/p/PUkm
Британскиот физиолог, Роберт ЕдвардсФотографија: AP

Каролинска институтот во Стокхолм го избра британскиот физиолог Роберт Едвардс како единствен носител на Нобеловата награда за медицина во 2010 година. Во образложението се вели дека тој со истражувачката дејност им помогнал на голем број луѓе да добијат потомство. Според научните истражувања, дури 10% од брачните парови во светот не можат да добијат деца по природен пат. Благодарејќи на револуционерното откритие на Едвардс, денеска на светот има веќе 4 милиони деца, кои се зачнати во епрувета. Првиот доказ за успешноста на новата технологија дојде на 25 јули 1978 година, со раѓањето на Луиз Браун, која денес живее во Велика Британија и која зачнала и родила дете по природен пат.

Deutschland Medizin künstliche Befruchtung IVF
Вештачкото оплодување во Германија почнало од 1982 годинаФотографија: picture alliance / dpa

Првата идеја за вештачко оплодување Роберт Едвардс ја имал веќе во 50-тите години од минатиот век, но до нејзината реализација морал да работи многу напорно, откривајќи многу важни закони на оплодувањето на луѓето, се вели во образложението на Нобеловиот комитет. Згора на тоа, морал да се бори и со големите отпори во јавноста и естаблишментот.

Бидејќи Робертс и неговиот колега ја чувале тајната првите години, во Германија првото дете од епрувета се роди дури во април 1982 година.

Автор: ГЧ/ЖА/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска