1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобеловата награда за мир - тешко наследство

ЖА/дв/афп/дапд10 декември 2012

За ЕУ ова е голем ден: на Унијата за за својот придонес кон помирна и постабилна Европа и‘ беше врачена Нобеловата награда. Но, постојат и критички гласови.

https://p.dw.com/p/16zN6
Фотографија: Reuters

Нобеловата награда за мир за 2012 година денеска во Осло и‘ беше врачена на ЕУ заради улогата во преобразувањето на Европа од „континент на војна во континент на мирот“.

Претседавачот на Нобеловиот комитет Торбјорн Јагланд наградата им ја врачи на тојцата лидери на ЕУ - претседателот Херман ван Ромпој, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Јагланд наведе дека Унијата значително придонела „еден континент на војна да стане континент на мир“. 

Тој потсети дека во војните и екстремистичките движења во минатиот век во Европа настрадале 80 милиони луѓе.

EU Friedensnobelpreis Ehrung Merkel und Hollande
За Ангела Меркел и Франсоа Оланд пофални зборовиФотографија: Reuters

„Заедно мораме да се погрижиме да не го изгубиме тоа што го изградивме врз урнатините од двете светски војни. Мирот не смее да се зема здраво за готово. Мораме за него да се бориме секој ден“, посочи Јагланд. Тој во својот говор лично ги поздрави германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, укажувајќи на германско - француското пријателство:

„Помирувањето меѓу Германија и Фанција е сигурно најдраматичниот пример дека војната и конфликтот во кратко време можат да се претворат во мир и меѓусебна соработка“, изјави Јагланд.

Претставниците на ЕУ истакнаа дека ќе „останат со еврото“, додавајќи оти единствената валута е еден од најсилните симболи на единството во историјата на европскиот блок.

ЕУ планира наградата која изнесува околу 930 илјади евра да ја намени за помош на децата кои се жртви на војна. Доделувањето на Нобеловите награди за литература, медицина, хемија, физика и економија е извршено денеска во Стокхолм. Наградите традиционално се врачуваат на 10. декември, денот на смртта на Алфред Нобел.