1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Николиќ очекува одлука за почеток на преговори со ЕУ

АТ/ миа13 јуни 2013

Српскиот претседател Томислав Николиќ очекува Европската унија на 28 јуни да донесе одлука за започнување преговори за членство со Србија. Белград направил се' што било потребно, вели претседателот.

https://p.dw.com/p/18ow5
Фотографија: Reuters

Српскиот претседател Томислав Николиќ во изјавата за Танјуг нагалси дека на Самитот на Централноевропската иницијатива во Братислава, на шефовите на европските држави им укажал дека евентуалната негативна одлука, околу почетокот на преговорите за членство, би можела „многу лошо да влијае на односот на граѓаните на Србија кон ЕУ“.

Според него, Србија направила тешки и храбри чекори со договорот со Косово, со што првпат на еден меѓународен собир е овозможено претседателката на Косово, Атифете Јахајага, да учествува заедно со претседателот на Србија. Не е можна Европската унија без Србија и неприфатливо е некои земји од регионот да добиваат високи оцени од страна на ЕУ, иако во споредба со Србија немаат разлики во владеењето на право, почитување на човековите права, правата на малцинставата, борбата против криминалот и реформите на правосудството, рече српскиот претседател.

Николиќ изјави дека сигурно ќе присуствува на свеченоста во Загреб по повод приемот на Хрватска во ЕУ и дека тоа би можело да биде спречено единствено ако Загреб реши да „ја навреди Србија со претставување и учество на Косово на тој настан како држава“.

Тој истакна дека како претседател на Србија и посакува на Хрватска да напредува во ЕУ, иако како што рече „му се чини дека Хрватска не требала да влезе толку брзо пред Србија“ во Унијата.