1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нервоза во редовите на СПД

9 јуни 2005

Во политички Берлин владее голема нервоза. Најавата на сојузниот канцелар дека настојува наскоро да се одржат нови избори без истовремено да каже како мисли да ја постигне таа цел, пред се во таборот на црвено-зелената коалиција предизвика голем немир. Последното исколчување е острата критика на потпретседателот на франкцијата на социјалдемократите Михаел Милер врз сојузниот претседател Хорст Келер.

https://p.dw.com/p/Acoy
Дали Келер и Шредер се во клинч?
Дали Келер и Шредер се во клинч?Фотографија: AP

Милер ги повика партиските пријатели да бaраат соочување со претседателот на државата, зашто тој соопштувал насочени информации што ја загрозуваат соработката. Префрлување, што беше отфрлено во целост од страна на потпретседателот на фракцијата на зелените Рајнхарт Лоске. Тој предупреди да не се напаѓа претседателот, зашто за прашањето за распуштање на Бундестагот тој го штити уставот. Причината за сето е извешатјот на еден дневен весник во врска со разговорот што претседателот Келер пред две недели го водел со канцеларот Герхард Шредер. Тогаш, се вели во весникот, канцеларот настојувањето за распуштање на паралментот го образложил со тоа што по изборниот неуспех во Северна Рајна Вестфалија во коалицијата се појавил зголемен потенцијал на притисок. Од тие причини неговото владино мнозинство е станато нестабилно и единствен излез се нови избори.

Пратеникот на СПД Милер претпостави дека извор на оваа индискреција е претседателот или неговото опкружување -

на незадововолство на канцеларот. Тој, според зборовите на неговиот владин портпарол вербалните напади врз сојузниот претседател ги смета за сосема неподносливи. И претседателот на партијата Франц Минтеферинг во интервју за АРД ги предупреди своите сопартијци:

„Луѓето не сакаат од нас да слушнат такви напади врз сојузниот претседател, туку сакаат да знаат како сакаме натаму да ја водиме оваа држава и кон тоа мораме да се концентрираме. Јас нагласувам дека нападите против него на таков начин во никој случај не сметам дека се во ред„.

Но, додека Минтеферинг се обидуваше да ја запре содржината и начинот на сосема невобичаената за Германија критика врз претседателот, утринските весници веќе лиферуваа интервјуа на познати СПД политичари кои уште еднаш жестоко атакуваа. Потпретседателот на фракцијата на СПД Лудвиг Штиглер во „Берлинер цајтунг„ изјави дека ги доживеал сите сојузни претседатели од 1966 наваму, и никој од нив не бил политички толку едностран како Хорст Келер избран од партиите на опозицијата. Штиглер на поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд ,му префрли дека предолго бил во Вашингтон и оти се уште не се вклопил во германското општество. Она што досега го направи во неговите искажувања е премногу либерално и блиско до ЦДУ.

Шефот на партијата Минтеферинг жестоките напади врз сојузниот претседател ги образложува со нервозата во сопствените редови:

„Она што го доживуваме во моментов е и знак дека во партијата има значителни тешкотии поврзасни со сегашната ситуација. Од тоа мораме да излеземе. Мојот итен апел е да гледаме напред кога зборуваме за политички теми„.

Претседателката на фракцијата на зелените Катрин Геринг-Екарт проценува:

„Ситуацијата е тешка и тоа очигледно на многу позиции е поврзано со нервоза одвнатре и однадвор. За тоа имам разбирање, иако посакувам се да биде во ред, вклучувајќи го и прашањето за доверба„.