1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Независноста на Косово поздравена во Албанија

Вера Тодоровска 18 февруари 2008

Косовоската независнот се славеше и во Аабанија, политичарите експресно го поздравија решението.

https://p.dw.com/p/D9Ej
ТиранаФотографија: DW
Експресно, веднаш по прогласувањето независност во Приштина, прв од Тирана ја поздрави албанскиот премиер Сали Бериша. Во обраќањето преку државната телевизија, кое беше пренесувано и на вонредната седница на Парламентот, како и на видео бимови до Трана, оцени дека со овој чин се создава поправеден и послободен Балкан. За шефот на албанската дежава, Бамир Топи, независноста преставува настан што ќе продицира стабилност во регионот.Европа корегира една историска неправда, смета лидерот на најголемата опозициона социјалистичка партија и актуелен градионачалник на Тирана, Еди Рама. Во врска со малцинствата на Косово Рама смета дека од 17 февруари, како никогаш допсега српскотот малцинство е безбедно и сигурно на косовска територија. Независноста ја поздрави и Принцот Лека помладиот, кој инаку е советник на министерот за надворешни работи. Тој смета дека Албанија ќе одигра значајна улога во нејзиното признавање. За познатиот албански писател Исмаил Кадаре, Косово го доби статусот што го заслужуваше.Славењето на независноста во Тирана и другите албански градови траеше до доцна во ноќта.