1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските скијачки центри пред колапс

Дојче веле/ агенции
28 декември 2021

Спроти зимската туристичка сезона, Германија воведе строги ограничувања за коронавирусот. Построги од оние во Австрија и Швајцарија. Ова може да ја загрози егзистенцијата на многумина вработени во туризмот.

https://p.dw.com/p/4446N
Schweiz wird Hochrisikogebiet | Tourismus
Фотографија: Gian Ehrenzeller/KEYSTONE/picture alliance

Скијачките центри на германските Алпи со голем хендикеп ја започнуваат втората зимска пандемска сезона. Туристичките работници стравуваат поради најстрогите мерки против ковид во областа од Берхтесгаден до Оберстдорф. Баварскиот премиер Маркус Зедер и неговата влада пропишаа дека правилото „2Г плус“ мора да се применува во областите каде што се поминува слободното време. Тоа значи дека оние кои сакаат да се возат со жичница не само што треба да имаат потврда дека се вакцинирани или прележале Ковид -19, туку мора да имаат и нов негативен тест за корона. Германското здружение на жичарници веќе се пожали дека тоа е „смртен удар“ за нив. 

Во Австрија правилото „2Г“ важи за скијачките центри, што значи дека имаат пристап оние кои биле вакцинирани или прележале и не им е потребен тест. Швајцарците пристапуваат уште порелаксирано. Таму постојат слични правила како и за возење во јавниот превоз: обврска за носење маска во затворени простории, вклучително и затворени кабини на жичарница. Правилото „3Г“ (вакциниран, прележан, со негативен тест) не е задолжително, а камоли „2Г“. Жичниците со отворени седишта може да се користат и без маска. 

Страв од новиот сој на вирусот 

Тоа не значи дека во Швајцарија владее оптимизам кога е во прашање короната. Неизвесноста е сеприсутна. „За жал, не можеме да дадеме никаква прогноза, со оглед на тоа што не се знае каква ќе биде состојбата со новиот вид на вирусот – омикрон“, изјави претставник на вработените во швајцарскиот туризам. Од петокот, поради зголемениот број на заразени, Германија ја прогласи и Швајцарија за високоризична област, откако претходно на листата ја стави Австрија. А тоа е лоша вест за хотелиерите во двете соседни земји. 

Deutschland | Alpenregion Tegernsee-Schliersee
Гостите се добредојдени, но со правилото „2Г плус“.

Швајцарските скијачки центри ја пребродија првата пандемска зимска 2020-2021 година со најмали загуби. Во моментов има многу работи кои укажуваат дека ситуацијата би можела да биде слична. Минатата сезона бројот на гости во баварските жичарници беше нула, бидејќи карантинот траеше до пролет. Ски-лифтовите работеа само на некои места за одредени скијачки натпревари. 

Терените подготвени, скијачите ги нема 

Бидејќи не можеше да се процени колку долго ќе трае локдаунот на почетокот на минатата сезона, скијачките патеки во Гармиш-Партенкирхен и другите германски места беа ревносно подготвени, а ски-лифтовите го чекаа доаѓањето на гостите. Сепак, скијачките патеки ги користеа само оние кои пеш се искачуваа по ридовите. 

Italien Neue Beschränkungen in Regionen | Bormio
Патеките се подготвуваат, но скијачите ги нема.Фотографија: MIGUEL MEDINA/AFP

Минатата сезона во Австрија речиси и да немаше странски гости, кои претежно се скијачи. Пред пандемијата, австриските жичарници имаа повеќе од 50 милиони „ски денови“ по сезона. Според Австриската стопанска комора, имало само 9,2 милиони во сезоната 2020-2021 година. Според тоа, бројот на гости, како и во баварските зимски центри, падна за повеќе од 90 проценти во екот на сезоната. Слично беше и во италијанскиот Јужен Тирол. 

Меѓутоа, швајцарските хотелиери забележаа 9,4 милиони ноќевања во зимската сезона 2020-2021 година, што е намалување за 26,4 отсто. Со оглед на пандемијата, ова е релативно мал процент. А почетокот на оваа сезона е охрабрувачка за швајцарските туристички работници. 

Schweiz wird Hochrisikogebiet | Tourismus
Швајцарија поради надморската височина има долга скијачка сезонаФотографија: Gian Ehrenzeller/KEYSTONE/picture alliance

„Во моментов имаме многу добра ситуација со резервации во споредба со минатата година“, вели Јан Штајнер од „Енгадин ПР“ во Сент Мориц. „Во моментов нема ограничувања или затворања, нашата сезона, благодарение на раните снежни врнежи, започна добро во ноември“. Швајцарските скијачки центри можат да се заблагодарат на надморската височина за раните врнежи снег. Областа Хохтал се наоѓа на 1.700 метри надморска височина. 

Пониски планини, пократка сезона 

Во Австрија и Јужен Тирол, скијачките центри можат да се надеваат дека оваа сезона сепак ќе биде подобра од минатата година. Сепак, никој не очекува враќање на толку многу гости како пред пандемијата. Во моментов не е можна сериозна прогноза, вели Франц Херл, претставник на Професионалното здружение на жичарници во Стопанската комора на Австрија. „Јасно ни е дека ова нема да биде сезона како порано, како пред короната, бидејќи мора да се земат предвид ограничувањата. 

Во меѓувреме, баварските зимски центри се очајни. Тамошните скијачки центри веќе имаат природен недостиг во однос на конкуренцијата од соседството: планините се пониски и помали, па скијачките површини се помали, а сезоната е пократка. А освен тоа, како што вели претседателот на Здружението на жичарници, Матијас Штаух, „со одлуките за воведување на правилото „2Г плус“ изумре сета надеж дека зимскиот туризам ќе закрепне“.