На Блискиот Исток-нова Сребреница?
22 септември 2014Во 1990-те години кога муслимнаите во Босна и во Косово беа загрозени од српската агресија и во места како Сребреница беа убиени илјадници од нив, Партијата на левицата во Германија беше против секакво вмешување во војната оддалечена само час лет од Минхен. Ако тогаш се почитуваше нивното мислење, денес во Босна и на Косово веќе немаше да има муслимани. Сега, кога Курдите се борат за свое преживување, пратениците на Левицата се меѓу најгласните заговорници на интервенција, а овојпат имаат право.
Зашто, војната и воените повици од границата кон Турција не се толку далеку и ситуацијата не е таква за да може да се упати само повик за мир. Нараснувањето на бројката на баратели на азил достигна такви размери кои Европа последно ги доживеа кога од Балкан беа протерувани милиони луѓе. Притоа, цела Југославија имаше само 22 милиони жители. Сега е погоден неспоредливо погусто населен регион, толку далеку, а толку блиску. Посебно што ја воведува војната директно во западноевропските општества. Навистина, и во 90-те години имаше одделни радикализирани странци кои по секоја цена сакаа за нешто да умрат на Косово или на Дрина, но размерите беа поинакви. Сега, курдските борци во северна Сирија, не првпат, претставуваат млади Европејци, уапсени при обидот преку Турција да им се приклучат на единиците на Исламска држава. Се работи за двајца Белгијци и еден Французин. Тоа што Белгијците имаат мароканско потекло, а Французинот има име кое не звучи нефранцуски, не е за чудење. Тоа само потврдува: фасцинацијата од примитивноста, која теророт на Исламска држава ја предизвикува врз некои европски млади луѓе, не се ограничува само на оние со мигрантски корени.
Европа и Турција сега се ставени пред избор. Од почетокот на крвопролевањето во Сирија турските политичари укажуваат дека нема да дозволат во никој случај автономен курдски регион или дури самостојна држава во Сирија. Но, овој регион постои де факто. Градот Кобани, кој му припаѓа, сега е загрозен и зависен од воена помош. Кобани нема да може да биде задржан со помош на млеко во прав и волнени кебиња. Во поглед на Кобани во игра е многу повеќе од еден град. Се заканува да се случи Сребреница на Блискиот Исток, но со многу поголеми размери.