Најмалку 11 загинати во напад во Авганистан
31 јули 2011Бомбашот самоубиец според наводи на очевидци се разнел себеси во близина на главната полициска станица во Лашкаргах. Властите соопштија дека најголем дел од загинатите и повредените се полицајци.
„Повредени се 12 лица, од кои деветмина полицајци и тројца цивили“, изјави Дауд Ахмади, портпарол на локалниот гувернер.
Во нападот загинало и едно дете. Авганистанските безбедносни сили месецов ја преземаа одговорноста за безбедноста во Лашкаргах.
Инаку провинцијата Хелманд веќе подолго време е сцена на масивно насилство. Во овој регион досега имаат загинато далеку повеќе странски војници отколку во кој било друг дел на Авганистан. Некои области во Хелманд и натаму се под контрола на талибанските бунтовници, кои беа соборени од власт во Авганистан по операцијата на меѓународните сили предводеи од САД во 2001 година.
Автор: СН/ АТ/ дв/ миа
Редактор: Александра Трајковска