1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголемиот број џихадисти од Европа се милитантни Британци

Тамсин Вокер / Елизабета М. Фиданоска23 август 2014

Се претпоставува дека новинарот Џејмс Фоли, кој беше убиен од џихадистите, бил обезглавен од страна на Британец. Зошто токму младите Британци се чинат отворени за пораките на исламистите?

https://p.dw.com/p/1CzfU
Фотографија: picture-alliance/abaca

Лицето на убиецот на новинарот Џејмс Фоли е сокриено со црна маска, но врз основа на неговиот акцент се претпоставува дека е Британец. Тој е најверојатно еден од околу 500 британски државјани кои се борат на страната на терористите на Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак. Се претпоставува дека Британците го сочинуваат најголемиот контингент борци од Европа. Но зошто токму младите Британци се поподготвени да го жртвуваат своето име и живот за целите на џихадистите од нивните врсници во другите земји развиени како Велика Британија?

Тешко е да се најде најмал заеднички именител и ниту географското потекло, ни образованието или благосостојбата играат улога, вели Метју Франсис од универзитетот Ланкастер, кој работи на истражувачки проект кој се занимава со прашањето на радикализација. „Тие доаѓаат од цела Велика Британија, многумина се образовани и студирале на универзитет“, објаснува тој во разговор за ДВ. „Знаеме за еден маж од Кардиф кој се надевал дека ќе стане британски премиер.“

James Foley Journalist Reporter
Новинарот Џејмс Фоли беше убиен пред неколку денаФотографија: picture-alliance/dpa

Странските регрути треба да придонесат за обезбедување „вистински услови“, вели Франсис. Тоа значи на луѓето да им се даде чувство дека се дел од транснационална заедница која е загрозена. „Ако на западните влади не им успее да ја вооружат Слободната сириска армија, тогаш тоа ќе се претвори во ’Запад против муслиманите’ и тоа и го слушнавме во видеото.“

Целно против слабите точки

Ерин Мари Салтман, раководител на истражувањата на лондонската фондација Квилијам и коавторка на една студија за тенденциите во рамките на џихадот, вели дека има тенденција работите да се воопштуваат, но дека сепак има голем број фактори кои ги туркаат младите луѓе во рацете на екстремистите. „Целна група се младите момчиња, со фокус на муслиманите од втората и третата генерација доселеници“, нагласува Салтман. Но има и случаи на конвертити кои им се приклучиле на екстремистите.

Регрутите имаат потреба да чувствуваат како нешто посебно во еден свет во кој богатството и големината за нив се чинат недостижни, вели Салтман. Токму тоа чувство на безнадежност го користат радикални исламистички групи за своите цели. „Тие ги повикуваат луѓето да и‘ се приклучат на една силна група, им ветуваат авантура и шанса за промена на светот.“

Често потенцијални регрути се бараат на универзитетите или затворите, во тесно испреплетени заедници во кои е можен домино-ефект. По првиот контакт, „процесот на радикализација“ продолжува онлајн, каде новајлиите се конфронтираат со текстови и други работи, вели Салтман.

Irak islamischer Staat Kämpfer Januar 2014
Британската влада сега планира да им го одзема пасошот на лицата кои се сомнителни, а кои сакаат да отпатуваатФотографија: picture-alliance/AP Photo

Социјалните медиуми и сфаќањето на културите

Во Обединетото кралство веќе постои екстремистичко подземје, кое се наелектризира со конфликтот во Сирија, објаснува Рос Френет од лондонскиот Институт за стратешки дијалог. Но не само факторите како што е трагање по сопствен идентитет играат услога при регрутирањето, туку улога имаат и социјалните медиуми, вели Френет. „Луѓето може директно да ’разговараат’ со борците на фронт, тие го доживуваат конфликтот на начин кој порано не беше можен, дури ни за време на војната во Ирак во 2006 година.“

Вистинскиот проблем меѓутоа може да се дефинира преку разбирањето на културите, објаснува Ентони Глис, директор за безбедносни и информатички студии на универзитетот во Бакингем. Западната политика на мултикултурализам на овие верски лидери, кои се всушност политички мотивирани и така дејствуваат, им нуди неопходен плашт под кој се кријат за да може да ја испружат својата рака по младите, вели Глис. „Тие ја користат нашата апсолутна определба за слободно изразување на мислењето за да ги радикализираат луѓето.“

Британската влада сега планира да им го одзема пасошот на лицата кои се сомнителни, а кои сакаат да отпатуваат. Тоа може да биде проблематично во една либерална земја, во која човекот е невин се‘ додека не се докаже спротивното. Френсис смета дека општеството треба да се концентрира на регрутирањето: „Ако нештата ги разбираме, можеме и да ги спречиме.“

Салтман оценува дека во моментов нема доволно контра дејство. Молчеливото мнозинство мора да стане погласно и да објасни зошто Исламска држава не е соодветна група, зошто она што таа го проповеда нема корен во исламот и зошто е погрешно од социјален апсект. „Потребни ни се силни гласови на активисти, личности во општеството и верски лидери“, вели Салтман.