1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО адмиралот Ставридис во Македонија

13 март 2012

Во официјална посета на Македонија денеска (13.03.2012) и утре престојува адмиралот Џејмс Ставридис, командант на Сојузничката команда на НАТО за операции.

https://p.dw.com/p/14Jjc
Американскиот адмирал Џејмс СтавридисФотографија: AP

Адмиралот Ставридис денеска ќе биде примен од претседателот Ѓорги Иванов, а ќе има средба и со министерот за одбрана Фатмир Бесими. За време на посетата на Скопје, адмиралот Ставридис ќе се сретне и со претседателот на Владата Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Здружената команда за операции е одговорна за НАТО-предводените операции, а нејзината мисија е да подготвува, да планира и да извршува операции со цел да се достигнат политичките цели на Алијансата. Воедно таа е стратешка команда која под себе има потчинети оперативни команди.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: А.Трајковска