Наскоро германска единица за брзи интервенции во Авганистан?!
30 јануари 2008Реклама
Доколку владата се реши да даде зелено светло за ангажманот на единица за брзи интервенции во Северен Авганистан, тогаш ние ќе сториме се‘ тоа да биде добро опремена единица – порача германскиот Министер за одбрана Франц Јозеф Јунг за време на ненајавената посета на Авганистан.
„Шефот на Генералштабот изготвува сега воен предлог, а потоа ќе ја донесам одлуката за ангажманот“ – појасни Јунг, кој на вчерашните разговори со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи вети натамошна германска помош за обновата на земјата.
Што се однесува до очекувањата на авганистанската влада, портпаролот на Министерството за одбрана во Кабул, генерал Захир Азими изјави:„Секако дека се радуваме на секое засилување во Авганистан. Нам ни треба воената помош и присуството на пријателските нации. Но, сакам да нагласам дека нам најмногу ни е потербна помош на меѓународната заедница за зголемување и подобро опремување на нашата армија.“ Ова барање генерал Азими го појаснува на следниот начин: „Од повеќе причини: авганистанските војници се далеку поефтини од западните. Парите што се трошат за еден западен војник во Авганистан се доволни за сто авганистански. Освен тоа нашите војници полесно ќе ја зголемат довербата на населението во владата. Конечно, никому не му оди во прилог кога странски војници гинат во Авганистан. Тоа само ја загрозува меѓународната мисија во нашата земја.“ – појаснува генерал Захир Азими, портпарол на авганистанското Министерство за одбрана.

Авганистан очекува позитивен одговор од Берлин
Карзаи смета со ангажман на германската единица за брзи инетервенции во соработка со другите меѓународни сили во сите делови на Авганистан – се вели во соопштението објавено во Кабул. Тоа би значело доколку е неопходна помош, 250-те германски војници да се вклучат и во борбите на југот од земјата. Германската влада до сега категорично одбиваше вклучување на Бундесверот во борбите со Талибанците на југот на Авганистан.

Реклама