1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напната ситуација во Пакистан

5 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C1QA

Најмалку 1500 лица се уапсени во демонстрациите во Пакистан против воведувањето вонредна состојба во земјата од страна на претседателот Первез Мушараф. Полицијата употреби сила и солзавец за да ги растера демонстрантите во Карачи и неколку други градови во земјата. Во Лахоре демонстрираа правници, кои се забарикадираа во зградата на судот. При разбивањето на протестите уапсени се повеќе од 100-тина лица а се јавува и за повеќе повредени. Поради напнатата ситуацијата САД ги откажаа редовните билатерални разговори околу воената соработка со Пакистан. Вашингтон и Лондон го повика пакистанскиот претседател Первез Мушараф што е можно побрзо да го врати уставниот поредок во земјата и да се држи до терминот за избори во Јануари. Пакистанските власти во меѓувреме властите ги демантираа гласините дека армијата го држела Мушараф во домашен притвор.