1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападот во Кабул бил предупредување за Хејгел

ЕМФ/дв9 март 2013

За време на посетата на американскиот министер за одбрана Чак Хејгел на Кабул, главниот авганистански град беше потресен од самоубиствен напад во кој загинаа најмалку девет лица.

https://p.dw.com/p/17u7h
Фотографија: MASSOUD HOSSAINI/AFP/Getty Images

Атентаторот го активирал експлозивот кој се наоѓал на велосипед, на околу 30 метри од главниот влез на авганистанското министерство за одбрана, изјави портпарол на меѓународните заштитни сили Исаф. Според наводи на претставници на американската армија, министерот се наоѓал на безбедно место во една зграда на Исаф. Радикално-исламистичките талибанци презедоа одговорност за нападот и соопштија дека е тоа предупредување за американскиот министер за одбрана.

Прво патување во странство

Хејгел во ненајавена посета на Авганистан пристигна вчера (08.03). Тоа е првото патување во странство на американскиот министер за одбрана. Хејгел беше именуван за министер пред девет дена. Ветеранот од Виетнам на функцијата доаѓа на местото на Леон Панета, кој за време на својот речиси двегодишен мандат пет пати престојуваше во Авганистан.

Во моментов, во мисијата на Хиндукуш учествуваат уште околу 100.000 странски војници, од кои 66.000 се припадници на американската армија. Американскиот претседател Барак Обама во својот говор за состојбата на нацијата во февруари најави дека во текот на една година дома ќе се вратат уште 34.000 војници. Најголемиот дел од редуцирањето на трупите треба да се реализира доцна наесен.