Нападнат ресторан кој бил омилен кај дипломатите во Кабул
17 јануари 2014Одговорноста за нападот врз ресторанот ја презедоа талибанците. Нивен претставник соопшти дека нападот бил насочен против странските претставници во земјата.
Либанскиот ресторан, инаку омилен не само кај дипломатите, туку и кај бизнисмените и останатите странци во Кабул, се наоѓа во квартот Вазир Акбар Кан, во кој седиште имаат многу странски амбасади. Заменикот авганистански министер за внатрешни работи Ајуб Саланги изјави дека има информации за штети, но други детали засега нема. Полицијата тврди дека во објектот влегле повеќемина напаѓачи.
Во главниот град на Авганистан често има самоубиствени и бомбашки напади. Последниот се случи пред неколку дена, кога атентатор самоубиец на велосипед се крена во воздух во близина на полициски автобус, при што загинаа еден полицаец и еден цивил.