1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намален бројот загинати во сообраќајки

9 декември 2003
https://p.dw.com/p/Af2n
Бројот на загинатите во сообраќајни несреќи во Германија според се ќе достигне најниско ниво во оваа година. Врз основа на податоците од јануари до октомври, сојузниот завод за статистика предвидува вкупна бројка од 6 ипол илјади загинати во сообраќјани несреќи, што е за 300 или за 4 насто помалку од минатата година. Истовремено тоа ќе биде и најмалиот број загинати од воведувањето на ваквата статистиска во 1953 година. Јохен Хефекенмајер од автомобислките клубови на Германија образложува:
"Возачите ги користата своите автомобили многу посвесно отколку порано. Тогаш едно возење беше скоро општествен настан, денес е секојдневје, а кон него припаѓа и намалувањето на ризиците". Дитер Бирау од сојузниот завод за статистика на истата тема:
"Во оваа година имаме пораст на бројот на моторите што беше секако последица на убавото време што го имавме. Од друга страна имаме помалку загинати во тешки возила, и помалку пешаци. Но, зголемен е бројот загинати сениори, на оние преку 65 години".