Наградата Слобода на говорот за 2019 за Анабел Хернандез
20 февруари 2019„Со благодарност и надеж ја прифаќам наградата од име на храбрите новинари кои си ја работат секојдневно својата работа“, рече Хернандез.
Петта година по ред, Дојче веле ја доделува наградата која беше востановена со цел да се им се оддаде признание на личности и иницијативи за промоција на човековите права и слободата на изразувањето.
„Анабел Хернандез истражува темелно и детално. Таа следи случаи на корупција, собирајќи правни докази со години. Нејзината борба против замолкнувањето и неказнивоста е импресивен пример за храбро новинарство“, рече директорот на ДВ, Петер Лимбург во Мексико Сити на 19 февруари.
Хернандез ќе ја добие наградата на церемонија за време на Глобалниот медија форум во Бон на 27 мај годинава.
Хернандез е водечка истражувачка новинарка во Мексико која објавува стории за корупција во владата, сексуална експлоатација и трговија со дрога.
Нејзиното истражување вклучува и две објавени книги кои говорат за врските меѓу мексикански владини службеници и водечките картели во земјата. Но, сето тоа имаше и висока цена. Хернандез во моментов живее во егзил, откако мораше да побегне од Мексико поради закани по нејзиниот и животот на нејзините деца.
ДВ ја доделува наградата за Слобода на говорот од 2015 година. Прв лауерат беше саудискиот блогер Раиф Бадави, кој и натаму е во затвор во Џеда. Во 2016 година наградата ја доби поранешниот главен уредник на турскиот весник Хуријет, Седат Ергин. Следната година беше наградена Дописничката мрежа од Белата Куќа, додека последен добитник, во 2018, беше иранскиот политички научник Садег Зибакалам.