Мундијалски маскоти - за потсмевање
Од „Вили“ до „Голео“: во историјата на маскотите на СП некои од нив беа ненамерно смешни- па затоа и останаа во сеќавањето.
„Вили“
Откако во 1966 година лавот истрча на сцената на СП, многу сметаа дека се работи за лоша шега. Значењето на животното отпрво не им беше јасно на сите. Но првата маскота во историјата на Светските првенства набрзо стана љубимец на публиката. Кога Англија конечно стана светски првак во сопствената земја, никој повеќе не се сомневаше дека маскотата им донела среќа.
„Наранхито“
За Светското првенство во 1982 година Шпанците не избраа ни горд бик, ниту храбар матадор. Наместо тоа се појави овошка: Наранхито беше мал портокал во фудбалски дрес кој предизвикуваше потсмев. Но фигурата набрзо стана ѕвезда на бројни телевизиски емисии на шпанската телевизија и до денес им останува во сеќавање на многу Шпанци.
„Чао“
Маскотата на Италијанците за Светското првенство во 1990 година не беше наменета за гушкање. Тоа беше првата дигитална маскота која требаше да го симболизира новото компјутерско време. Чао се состоеше од коцки во италијанските национални бои. Телото, нозете и рацете требаше да го содржат зборот „ITALIA“ - но за тоа беше потребна голема фантазија.
„Тип и Тап“
За фудбалското СП во Германија во 1974 година се појавија две маскоти: Тип и Тап, две момчиња со црвени обравчиња, зајачки заби, преголеми копачки и рамни стомаци со германски дресови- не баш типично за германската репрезентација. Потсмевањето заврши со победата во финалето на Мундијалот.
„Голео“
Ретко кој бил досега толку исмеван како маскотата на второто Светско првенство во фудбал во Германија во 2006 година: Голео и Пиле- лавот без пантолони и неговата фудбалска топка која зборува. Голео стоеше на секој меч покрај теренот. Изразот на неговото посрамотено лице и фактот дека немаше ниту гаќи, му донесоа само потсмев.