Мохамед Али: Портрети на шампионот
Тој беше боксерска легенда и медиумска икона. Мохамед Али почина на 74-годишна возраст. Потсетуваме на него, неговиот живот и остварувања преку портрет- фотографиите претставени на голема изложба во Берлин.
Поголем од животот
Мохамед Али себеси отсекогаш се сметаше за „најголем на светот“. (The World's Greatest) Овој фото-портрет на Али во Чикаго во 1966 година го направи еден од неговите омилени фотографи, Германецот Томас Хепкер.
Али како маченик
Оваа фотографија на Карл Фишер од 1967 година се најде на насловната страница на магазинот „Есквајер“. Се базира на сликите на ренесансните уметници за мачеништвото на Свети Себастијан. Али тогаш одби како американски војник да замине во војната во Виетнам. Објаснувањето: „Ниеден Виетнамец досега не ме нарекол црнчиште“. Со тоа го навлече гневот на белците во САД.
Поп удар
Хари Бенсон во 1964 година го фотографираше Али (кој тогаш се уште го носеше роденото име Касиус Клеј) за време на средбата со Битлси во мајами. Уште на почетокот на кариерата се гледаше дека Али е преголема ѕвезда за да сјае само на спортското небо. Тој стана миленик на поп-културата.
Фуриозно до светкиот трон
Исеочок од една од најпознатите фотографии на Али од рингот. направена е за време на неговата борба против Сони Листон во градлето Луистон во 1965 година. Тогаш 23-годишниот шампион штотуку го испраќа на подот веќе поранешниот шампион. Најл Лајфер беше сречниот фотограф кој се најде во вистионско време на вистинско место за да ја направи оваа впечатлива фотографија.
Моќта на молитвата
Касиус Клеј го промени името во Мохамед Али откако во 1965 година конвертираше во ислам. Во доцните 60-ти години беше еден од најпознатите членови на движењето „Нација на исламот“, кое го предводеше Малколм Икс. Тој отворено говореше за религијата. Томас Хепкер во Лондон 1966 година го фотографираше Али како се моли на аголот од рингот.
Шоуто мора да продолжи
Али секогаш им пружаше забава на широките маси, а дури и неговите тренинзи беа јавни настани. Оваа фотографија на Питер Ејнџел Сајмон го прикажува боксерот за време на тренинг во 1974 година. Истата година Али го доби мечот против Џорџ Формен, кој важеше за „непобедлив“ и повторно стана шампион. Мечот кој беше наречен „Rumble in the Jungle“ стана најпозната борба во историјата на боксот.
Пред огледало
По „најголемиот“ омилен епитет на Али за опишување себеси беше „убав“. Постојано укажуваше на тоа дека за разлика од неговите противници, тој има лице кое не е унаказено од борбите. Многу од ова фалбаџивство беше одглумено, но на Али очигледно му беше важен изгледот. Томас Хепкер го фотографираше на фризер во Чикаго.
Крв, пот и солзи
Али, посебно на почетокот од кариерата, оставаше впечаток дека боксот е нешто што тој го прави со леснотија. Меѓутоа зад сето тоа стоеја часови и часови тренинг и работа. Оваа фотографија на Хепкер направена во Чикаго во 1966 година укаќува на тоа колку часови дневно овој боксер проведуваше осамен во салата за тренинг, за да стигне до самиот врв.
Мајстор за медиуми
Мохамед Али не беше само објект за фотографите туку и активен субјект. Фотографите често говореа дека со него е лесно да се работи, бидејќи го„разбира“ фотоапаратот. Ова фотографија на Томас Хепкер ни го претставува Али не само како боксер, туку и неговиот афинитет кон фотоапаратите и камерите.