МОК со забрана за африкански спортисти поради еболата
15 август 2014Оваа Олимпијада треба да биде отворена викендов. Меѓународниот олимписки комитет ја донесе одлуката непосредно пред нејзиниот почеток.
„Спортисти од погодените области нема да се натпреваруваат во боречки спортови“, а „исто така е одлучено дека ниту еден спортист од регионот нема да се натпреварува во базен“, стои во одлуката на Меѓународниот олимписки комитет.
Во соопштението се наведува дека иако нема сомнителни случаи, сепак организаторите одлучиле да спречат тројца спортисти да се натпреваруваат на Младинската олимпијада во Кина.
„Бевме уверени од здравствените власти дека нема сомнителни случаи и дека ризикот за инфекција е екстремно неверојатен“, стои во соопштението. „Заедно развивме политика која е баланс меѓу здравствените потреби на сите, со почитување на правата на младите спортисти од регионот“, додава МОК.
Од оваа спортска организација жалат што „некои од младите спортисти страдаат двапати – и од агонијата поради избивањето на болеста во нивние земји и поради тоа што нема да можат да се натпреваруваат на Младинските олимписки игри“. Игрите ќе се одржат во Нанџинг од 16 до 28 август.
Од избивањето на најголемата светска зараза со ебола починаа повеќе од 1.000 лица, а други 2.000 се заболени, главно во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне.