1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Може ли Хамас да биде политички погоден?

Коментар на Петер Филип26 јануари 2006

Радикално исламскиот Хамас се наоѓа во водство на палестинските избори

https://p.dw.com/p/AcXK
Припадниците на Хамас ликуваат
Припадниците на Хамас ликуваатФотографија: AP

Дека Хамас може да биде сериозен конкурент на Фатах,и под негово раководство да влезе и во идниот палестински кабинет,беше јасно уште пред изборите.Но,дека Хамас ќе освои апсолутно мнозинство и дека може самиот да формира влада,тоа не го сметаа за можно ниту самите припадници на ова движење и нивните гласачи.За избирачите досегашната водечка сила Фатах стигна до решавачка точка:најпрво мора да расчисти со корупцијата од една страна.Но,пред се и со неефикасноста во обидот да постигне мировен договор со Израел.Хамас напротив кај гласачите се гледа преку својот социјален ангажман и неподмитливоста.Тоа што Хамас е против мировниот процес со Израел и стои зад една долга низа терористички напади,за гласачите беше само од второ и третостепено значење.

Шефот на Фатах,Махмуд Абас правеше лице:палестинскиот претседател даде веќе на знаење дека може да си претстави коалиција со Хамас.Под претпоставка,тој да го прифати неговиот политички курс,а тоа значи непроменето:преговори и мир со Израел.

Сега кога Хамас ќе формира влада,ваквите планови се веќе неупотребливи.Но,Хамас и самиот разбира дека нема да има никакви напредоци во израелско палестинскиот конфликт ако палестинската страна се врати на тврдата и бескомпромисна линија од пред договорот од Осло,одбивање на правото на постоење на Израел и оствраување на целите преку насилство и терор.

Во изборната борба Хамас не употребуваше вакви тези,но тие и натаму се утврден составен дел неговата програма.Поради тоа мора да постои сериозно сомневање како под овие околности ќе биде направен нов почеток на напорите за мир.Освен тоа,Хамас е партија чија програма не им се допаѓа на многумина Палестинци поради нејзината религиозна насоченост.

Уште пред изборите меѓутоа беше јасно дека влегувањето на Хамас во палестинска влада ќе предизвика главоболки не само кај Израелците,туку и во САД и ЕУ.Сите досега го квалификуваа Хамас како терористичка организација и го забранија.На прв поглед е тешко замисливо како сега ненадејно ќе го прифатат.Вашингтон најави како тоа може да се случи:може и натаму да се преговара со палестинската влада,но притоа да се исклучат членовите од Хамас.Решение кое веќе беше практикувано со Либан,каде не се разговараше со претставниците на Хисб Алах во владата,кое како и Хамас од западот беше окарактеризиран за терористичка организација.Но,и решение кое не е применливо ако Хамас е водечка сила во владата.