Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини спроти средбата во Малта на министрите за надворешни работи на Унијата во оценката за ситуацијата во Македонија, порача дека насилството е секогаш неприфатливо, особено ако се случува во домот на демократијата-парламентот.