1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минтеферениг шеф на СПД, Штајнамер кандидат за канцелар

18 октомври 2008

На вонреден партиски конгрес Социјадемократите на Германија денеска избраа нов шеф на партијата и номинираа кандидат за канцелар за парламентарните избори во 2009 година.

https://p.dw.com/p/Fch1
Франк Валтер Штајнмaер, кандидат за канцелар на СПДФотографија: picture-alliance/dpa

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер е номиниран за кандидат за канцелар на СПД на наредните парламентарни избори во 2009 година. Во говорот пред сопартијците германскиот шеф дипломат претходно истакна дека внатрепартиските недоразбирања се надминати и Социјадемократите повторно се во игра на политичката сцена. Штајнамер подвлече дека и во иднина СПД нема да коaлицира со Левичарската партија.

Поради тешката финансиска криза, партијата ќе се откаже од прослава по повод номинацијата за канцелар на Штајнамер, рече генерланиот секретар на партијата Хубертус Хајл. Не треба само да се привлекува вниманието, станува збор за сериозност и одговорност, но и умереност, тоа е она што луѓето во моментов го очекуваат од одговорните политичари, рече Хајл.

525 делегати со право на глас, го избраa Франц Минтеферинг за нов шеф на партијата. 68 годишниот Минтеферинг освои 403 од 475 важечки гласови, односно 84, 8 проценти гласови. Минтеферинг на кормилото на СПД доаѓа по оставката на Курт Бек, пред шест недели.