1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓу уметност и криза

О.Гласенап/ А.Трајковска19 септември 2014

Меѓународниот литературен фестивал во Берлин отсекогаш бил политички. Но, актуелните политички теми досега не се отсликувале толку силно во книгите. По 14-ти пат се среќаваат писателите и читателите на еден фестивал.

https://p.dw.com/p/1DCpe
Фотографија: DW

Дури и „Graphic Novels“ сѐ посилно се инспирираат од социјалните и политички теми.

На средината на 1970 во Индија силно беа ограничени основните демократски права. Илустрациите во книгата „Delhi Calm“ ја обработуваат оваа епоха, како што на публиката и објаснува авторот Виш Ваи Јоти Гош.

Но, и актуелните кризи претставуваат интересна позадина за новите книги- тренд, кој се чувствува во сите литературни жанрови.

Улрих Шрајбер, директор на литературниот фестивал подвлекува: „Дали се работи за граѓанската војна во Сирија или за фундаментализмот во Субсахара, миљето со дрога во Мексико - тоа се теми со кои се занимаваат многу автори и ги преточуваат во романи и кои повторно се наоѓаат во песните“.

Internationales Literaturfest in Berlin
Улрих Шрајбер, директор на литературниот фестивалФотографија: DW

Исто така и истражувачкото новинарство наоѓа место на фестивалот. Репортажите од воените и кризните области, според мислењето на организаторите на фестивалот, не можат да се изостават, за да се разбере светот. И со оглед на ситуацијата во многу земји расте и нивното место во литературата.

„Повеќе може да се смета на влошување. Ако се погледне само последната половина година или последните две години, што се случи во Сирија и во Ирак, тогаш може да се стравува само од најлошото“, вели Шрајбер.

Слично гледиште имаат многумина автори. Андреј Курков раскажува за случувањата во неговиот роден град по избор Киев. Неговиот „Украински дневник“ се чита како протокол, само многу повозбудливо. Се чини дека продолжување е неизбежно.