1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се залага за „струја на иднината“

9 јуни 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел поднесе владина изјава пред Бундестагот во однос на плановите на коалицијата за откажување од атомската енергија во Германија и инвестирање во обновливите енергии.

https://p.dw.com/p/11XXd
Канцеларката Ангела Меркел во БундестаготФотографија: piture-alliance/dpa

Канцеларката Ангела Меркел пред пратениците во Бундестагот денеска ја бранеше промената на курсот на германската политика за брзо напуштање на атомската енергија, до 2022 година. Меркел преминот кон нови видови енергија го оцени како „херкуловска задача“. Германската канцеларка, притоа, призна дека настаните во јапонската нуклеарка Фукушима придонесле за промена на ставот. Природната и атомската катастрофа во Фукушима покажа дека и технолошки високо развиена земја како Јапонија не може да ги надмине ризиците од нуклеарната енергија. Германија, според Меркел, може како прва индустриска земја во светот да премине на енергијата на иднината. „Затоа не се откажуваме само од атомската енергија, туку создаваме и услови за снабдувањето со енергија во иднина. Досега тоа во Германија го немаше.“

Канцеларката побара поддршка од опозицијата за пакетот осум закони за затворање на нуклеарките. Франц Валтер Штајнмајер од Социјалдемократската партија и‘ префрли на владината коалиција непостојаност во енергетската политика, зашто владата на Меркел само пред половина година ги фалеше нуклеарките. Парламентот ќе гласа за законите на крајот на јули.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска