1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел предупреди од натамошна поделба на Европа

СН/ртр/афп/дв24 јуни 2016

Брегзит е удар за Европа но Европската унија е доволно силна за да го надмине излегувањето на Британците, порача германската канцеларка Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/1JCXI
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Германската канцеларка Ангела Меркел одлуката на Британците за истапување од ЕУ ја проследи со зборовите: Тука нема што да се заобиколува. Денешниот ден е удар за Европа, удар за европскиот процес на обединување“ Таа додаде дека ситуацијата треба да се анализира мирно и трезвено. Како реакција на на исходот од британскиот референдум, Меркел за понеделник (27.6.) најави и оддржување на кризен состанок на кој ги покани претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, италијанскиот премиер Матео Ренци и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Погледнете го вебвидеото од обраќањето на Меркел по повод исходот од референдумот во Велика Британија:

Меркел: „Удар за Европа“