Меркел најавува континуитет во програмата на ЦДУ
3 декември 2007Реклама
Клучни теми во програмата се сликата за човекот, концептот на семејството, трудовата политика и внатрешната безбедност на земјата.
Христијанските демократи се партија на центарот, порача синоќа спроти денешниот Конгрес, претседателката на партијата и актуелен канцелар Ангела Меркел:
„Уште од основањето ние сме партија на центарот и тоа ќе го потврдиме уште еднаш со нашата трета партиска програма. Тоа значи дека во неа го определуваме нашиот став, но нагласувам дека тоа е истиот што од секогаш го застапувала христијанско демократската Унија.„ Во изјавата спроти конгресот Меркел упати критика до помалиот коалиционен партнер социјалдемократската партија. „Ние сме секако различни партии и затоа е природно што СПД на нејзиниот конгрес неодамна донесе повеќе заклучоци, кои ние ги доживуваме како свртување од курсот на Агендата 2010. Ние пак имаме намера да го продолжиме тој курс и тоа јасно ќе го ставам на знаење на конгресот„ – порача за Првата програма на германската ТВ, претседателот на ЦДУ, Ангела Меркел.